Кингс се нови тројкашки кралеви, малерозен играч заигра во НБА по пауза од 904 дена (Видео)

Сакраменто кингс деновиве е една од најдобрите екипи во НБА-лигата, а одличната форма ја потврди и со победа над Мемфис гризлис од 133-100.

Кралевите, кои се трети на Западот, против тимот кој е втор на табелата во истата конференција, во првата четвртина погодија дури 12 тројки, што е изедначување на НБА-рекордот. Таа прва четвртина Сакраменто ја доби со 47-33, со што домашните си го отворија патот до победата.

Милвоки бакс даде уште повеќе поени во првата четвртина, дури 49, па немаше проблем да победи против Детроит со 150-130. Бакс имаа неверојатен старт, само по пет минути игра водеа со 20 поени разлика.

Ѕвезда на вечерта во НБА е Џонатан Ајзак, некогашниот шести пик на драфтот. Овој кошаркар на Орландо меџик долго се мачеше со повредите, немаше играно меч уште од 2 август 2020 година. По 904 дена пауза, утрово повторно влезе во игра и доби овации.

- Оглас -

Најнови вести