Францускиот интернационалец Кингсли Коман по девет сезони си заминува од Баерн Минхен откако новиот тренер на Баварците, Винсент Компани, одлучи дека за него нема место во екипата.
Дваесет и осумгодишниот фудбалер иако имаше понуди од Саудиска Арабија, сепак одлучи да ги одбие и да чека понуда од Премиер лигата. Коман во Баерн Минхен пристигна во 2015 година на двегодишна позајмица од Јувентус за седум милиони евра, а во 2017 беше откупен за 21 милион евра.
Кингсли Коман за Баерн Минхен одигр 296 натпревари, на кои постигна 64 гола и подели 66 асистенции, а беше стрелец и во финалето против ПСЖ во Лигата на шампионите во 2020.