Кингсли Коман, фудбалерот на Баерн Минхен, по подолго време се врати на тренинзите. Францускиот интернационалец поради повреда на лигаментите на коленото беше отсутен од фудбалски активности речиси три месеци, но тој повторно стапна на тревата.
Коман се повреди уште во првото коло во Бундеслигата, кога Баерн триумфираше над Хофенхајм со 3-1.
Ова значи дека тренерот Нико Ковач има една грижа помалку, кој по повредата на Коман, остана со малку опции на крилните позиции. Рибери и Робен во изминатиов период речиси по секој меч се здобиваа со ситни повреди и не секогаш беа комплетно подготвени за настап, што го натера Ковач повеќе да ротира во составот.