27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Кипарска „шлаканица“ за македонските кадети на стартот од првенството во Скопје

Пораз на македонската кадетска репрезентација на отворањето на Европското првенство од дивизијата „Б“ во Скопје.

Подобри од нашите кадети беа оние од Кипар, кои во доста изедначен меч, стигнаа до победа од 82:76, до која дојдоа со подобра игра во последната четвртина.

Нашите млади кошаркари имаа добар почеток. Во првите десет минути се стекнаа со солидно водство од 19:13, ја имаа предноста и на полувремето, водеа со 36:32.

Изедначено се играше и по паузата од 15.минути. А во оние наредни десет, гостите од Кипар ја сведоа негативата на само два поени, 53:51.

Решавачка беше последната четвртина, онаа во која избраниците на селекторот Нермин Пепиќ, му дозволија на противникот да реализира дури 31 поен, и да стигне до неочекуван триумф.

Чучанов реализираше дабл-дабл, имаше 18 поени и 16 скока. Го следеа Сотир, кој постигна 13, Ѓиноски и Илиев имаа по 11, додека Шабани заврши со 10 реализации.

Во второто коло, утре навечер, во истиот термин, 18:30 часот, македонските кадети ги очекува натпревар со селекцијата на Ирска.

- Оглас -

Најнови вести