19.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Кипарскиот првак го направи најголемото изненадување во ЛШ вечерва

Динамо Киев беше изненаден од кипарски Пафос со 0-1 во дуел од квалификациите за Лигата на шампионите, и сега Кипраните се на пол-позиција за влез во плејофот каде би играле со Црвена ѕвезда или Лех.

Пафос победи со гол на Бразилецот Андерсон Оливеира Силва во 84-та минута. Нов член на Пафос е и ветеранот Давид Луиз кој наскоро треба да дебитира, а таму има и други познати играчи како Хрватот Оршиќ и португалскиот плејмејкер Пепе.

На Пафос му лежи кога гостува на неутрални терени. Вечерва славеше во полски Лублин, а во претходното коло кога го елиминираа Макаби Тел Авив, гостуваа во српскиот град Бачка Топола.

Соседите Малме и Копенхаген ремизираа без голови, а најефикасно беше во Глазгов каде Ренџерс со убедливи 3-0 ја победи Викторија Плзен.

- Оглас -

Најнови вести