18.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Кипарското чудо уште трае: Пафос ја победи Црвена Ѕвезда во Белград (Видео)

Гостинска доминација во мечевите од плејоф дуелите за пласман во групната фаза од Лига на шампиони. Бриж на гостински терен во Глазгов со 3:1 го победи Ренџерс, додека Карабах со 3:1 на гости го победи Ференцварош. Со овие победи, Бриж и Карабах веќе со една нога се дел до групата во Лига на шампиони.

Доминацијата на гостите ја потврди и Пафос и тоа со победа од 2:1 во Белград против Црвена ѕвезда. Иако српскиот тим беше фаворит, Пафос уште во првата минута, односно во 38 секунда стигна до водство со голот на Кореа.

Пафос можеше да води и со 2:0 во првиот дел, но голот на Бруно беше поништен поради играње со рака.

Кипарскиот тим потврди дека е опасен ривал, па на стартот на вториот дел поведе и со 2:0. Беше досуден пенал за гостите, а Пепе без проблем погоди за 2:0.

Само шест минути по пеналот на Пафос, беше досуден удар од белата точка и за Црвена Ѕвезда. Бруно Дуарте го изведе пеналот, но голманот на гостите одбрани. За среќа на домаќините, топката повторно се врати кај Дуарте, кој со глава успеа да погоди за 1:2.

Crvena zvezda [1]-2 Pafos – Bruno Duarte 58'
byu/4gjdtokurwa insoccer

 

- Оглас -

Најнови вести