Кениецот Виктор Киплагат од Кенија е победник на Скопскиот маратон. Тој патеката од 42 километри и 195 метри ја истрча во време од 2:15.09 часа, и беше за речиси една минута побрз од сонародникот Чериот Лабан (2:16.03 ч.). Третото место го освои нашиот Дарио Ивановски со време од 2:19.08 часа.
Во женска конкуренција исто така победи маратонка од Кенија, Рут Матебо.
На полумаратонската трка, Адријана Поп Арсова триумфира во женска конкуренција, додека кај мажите беше Бен Фелтон од Велика Британија.
На Скопскиот маратон учествуваат повеќе од 11.000 натпреварувачи од 53 држави кои трчаа на главната маратонска трка (42,195 км), на полумаратонската (21,097 км), како и на штафетниот маратон (двајца по 10, двајца по 11 км) и трката на 5 километри.