Кирил Лазаров и Нант како третопласирани во групната фаза се пласираа во осминафиналето на Европската лига. Во последниот меч синоќа, Нант загуби на гости кај Бенфика, и тоа минимално со 31:30. Ова беше директен дуел за второто место, а на Нант му требаше барем реми за да биде втор, но, сепак, загуби.
Дуелот во Португалија беше неизвесен до самиот крај, а најатрактивниот погодок го постигна токму Лазаров. Пред крајот на првото полувреме, Лазаров со „цепелин“ успеа да го матира домашниот голман, што беше изненадување за многумина ако се знае дека селекторот на македонската репрезентација веќе има 41 година. Лазаров мечот го заврши со три погодоци.
Во нокаут-фазата Нант ќе игра против Фуксе Берлин.