Кире Лазаров ќе го гледаме уште една сезона, а потоа…

Во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, Кирил Лазаров кажа дека следната сезона ќе му биде последна во кариерата. Капитенот на македонската репрезентација на 40 години ќе настапи во Лигата на шампионите со Нант, каде што се враќа по една година пауза, со прилика да го зголеми контото од рекордните 1.306 погодоци во својата 22-ра сезона.

Штом ќе игра за Нант, тоа значи дека уште една година Кире ќе го носи националниот дрес, а по завршувањето на кариерата можно е да остане активен во ракометот како тренер.

„Кога веќе ќе играм за Нант, дадов збор дека ќе одговорам и на репрезентативниот повик. Следната сезона ќе ми биде последна, доста е, нема смисла веќе да играм. Но, сигурно ќе останам во овој спорт како тренер. Кој знае, можеби за десетина години ќе се вратам во Загреб, клубот кој ми даде многу во кариерата“, истакна Лазаров.

Ветеранот токму против ППД Загреб ќе ги одмери силите во групната фаза од Лигата на шампионите, но ќе се сретне со уште две поранешни екипи, Барселона и Веспрем, a противници во групата Б уште ќе му бидат Мотор, Кил, Целје и Алборг.

- Оглас -

Најнови вести