Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, е еден од двајцата позитивни играчи на корона-вирусот по последното тестирање во францускиот клуб Нант.
Покрај Лазаров, позитивен на опасниот вирус е и Адрија Фигуерос. Тестирањето било во пресрет на дуелот против Целје во рамките од седмото коло од Лигата на шампионите.
Според информациите од Франција, Лазаров се наоѓа во изолација и во моментов нема никакви симптоми на корона-вирусот.