Искусниот македонски дефанзивец Кире Ристевски второ коло по ред постигнува гол во дресот на Етникос Ахна во кипарската лига.
Иако Ристевски игра во одбрана, денеска и на претходниот меч со Докса дава рани голови со кои го отвора резултатот и му носи предност на својот тим. Етникос денеска го порази Закакиу (претпоследен на табелата) со 4-1, а Ристевски погоди уште во шестата минута за 1-0.
За Етникос играше и Стефан Спировски, а голманот Мартин Богатинов преседе на клупата за резерви. Инаку и Спировски и Ристевски добија жолти картони.
Денеска погодок постигна и Иван Тричковски, кој во дресот на АЕК Ларнака даде гол против АПОЕЛ (мечот заврши 2-2) само четири минути откако влезе во игра. За Македонецот тоа беше шести гол сезонава во кипарската лига.