Кирил Лазаров даде список од 23-ца ракометари за настап на Светското првенство!

Селекторот на машката сениорска репрезентација, г-дин Кирил Лазаров, го објавува списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојното IHF MEN’S WORLD CHAMPIONSHIP 2023 кое ќе се оддржи во Полска и Шведска во период од 11.01 до 29.01.2023 година.

Машката сениорска репрезентација е дел од групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите од групата се играат во Краков, Полска во „Таурон арената“.

Сениорите настапот на IHF MEN’S WORLD CHAMPIONSHIP 2023 го започнуваат на 13.01.2023 против репрезентацијата на Норвешка во 20:30 часот.

Потоа следува дуелот против репрезентацијата на Холандија на 15.01 во 18 часот, а последниот натпревар од групната фаза е на 17.01 против Аргентина во 18 часот.

Собирот на репрезентацијата е закажан на ден 20.12.2022 (вторник) во 11.30 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести