Кирил Лазаров денеска слави јубилеј, полни 40 години!

Најдобриот македонски ракометар, и еден од најдобрите македонски спортисти воопшто во историјата, Кирил Лазаров, денеска полни 40 години. Честитка за роденденот на Кире веќе дојде од неговиот клуб Нант, а веројатно во текот на денот тоа ќе го направи и Ракометната федерација на Македонија.

Лазаров е вистинска легенда во ракометниот спорт, нема многу такви десни бекови во светот, а нас ни останува да се надеваме дека тој уште ќе го носи дресот на македонскиот национален тим, каде е вистински капитен и лидер. Иако многу спортисти на 40 години ја завршуваат кариерата, според формата, Лазаров сигурно може да игра уште неколку сезони.

Кире за Македонија има постигнато повеќе од 1.700 голови на 238 настапи, а во клупската кариера има освоено огромен број на трофеи.

- Оглас -

Најнови вести