Кирил Лазаров со едно ново име во составот за квалификацискиот двомеч со Словенија

Селекторот на машката ракометна репрезетација на Македонија, Кирил Лазаров, на првиот собир од подготовките пред двомечот со Словенија од квалификациите за ЕП 2026, ги повика сите ракометари кои играа и беа дел од подготовките за Светското првенство во Вараждин зимоска, а новитет на листата е само Дамјан Митев.

Младиот Митев (брат на Марко Митев) од Алкалоид е лев бек и ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата на која ги имаме Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ.

Лазаров на списокот има и осум резерви кои би влегле во составот ако има потреба.

Првиот меч со Словенија е дома во Скопје на 12-ти март, а четири дена подоцна во Копер е гостувањето. Првиот собир на репрезентативците е закажан за 9-ти март.

- Оглас -

Најнови вести