Организаторите на гренд-слем турнирите размислуваат за разни сценарија како би се одвивале натпреварите по корона-вирусот, а 40-торангираниот на АТП-листата, австралискиот тенисер Ник Кирјос, рече дека не сака да игра зад затворени врати.
Тениската сезона беше запрена во март поради глобалната пандемија и паузата ќе трае најмалку до средината на јули. „Ролан Гарос“, кој обично се игра во мај, поместен е да се игра од 20 септември до 4 октомври, а Вимблдон беше откажан за првпат во мирновременски услови.
Организаторите на најголемите турнири размислуваат и за опција мечевите да се играат без публика, тоа се однесува и на Отворнеото првенство на Австралијан во јануари 2021 и гледачите да може да следат само на телевизија.
„Нема да играм ако биде без публика. Апсолутно сум против тоа“, кажа „лошото момче“ во свој типичен стил.