Популарниот и контроверзен австралиски тенисер, Ник Кирјос, повторно ја изненади јавноста со една своја изјава. Ник најави дека ќе ја заврши играчката кариера доколку освои грен-слем турнир.
Кирјос во моментов е 21-ви на АТП листата, а за три дена го почнува својот настап на Отвореното првенство на Австралија. Лани тој играше финале на Вимблдон, во кое загуби од Новак Ѓоковиќ.
„Ако освојам грен-слем во сингл, 100 проценти е сигурно дека ќе се пензионирам. Се надевам дека ќе успеам, но ќе биде тешко. Многу е тежок животниот стил на тенисерите, само тренинзи и работа. Ако се повлечам, ќе можам да јадам и пијам што сакам, едноставно ќе се релаксирам“ – вели Кирјос.