Кирјос: Го гледам Новак како игра и убаво ми е кога ќе се сетам дека сум го победил!

Откако Новак Ѓоковиќ го прегази Алекс де Минаур со 6-2, 6-1, 6-2 во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, српскиот тенисер рече дека немал болки во текот на мечот и дека ова му била најдобра игра во 2023 година.

„Не ми е жал што публиката не гледаше подолг меч, сакав што побрзо да завршам, бидејќи никогаш не се знае што ќе се случи. Првите четири гејма беа тесни, потоа се ослободив. Го задржав фокусот и го одиграв најдобриот меч годинава. Не чувствувам никаква болка, но не сакам да славам прерано“, изјави Ѓоковиќ.

Интересен коментар на социјалните мрежи за играта на Новак имаше Ник Кирјос.

„Кога го гледав Новак како игра, се чувствувам убаво за мојата игра генерално, како сум го победил тој човек“, напиша Кирјос.

- Оглас -

Најнови вести