Австралискиот тенисер Ник Кирјос ѝ помогнал на полицијата да фати лице кое со пиштол и се заканувало на мајка му, а потоа го украло неговиот автомобил.
Телевизијата Еј-би-си објави дека според полицискиот записник, Кирјос ја користел апликацијата на „Тесла„ за да го следи и потоа да го успори автомобилот додека полицијата го бркала по улиците во Камбера, во понеделникот наутро.
Според записникот, непознат маж вперил пиштол во мајката на Кирјотс, ѝ ги зел клучевите од автомобилот и прашал како да го вози. Кога влегол во автомобилот, таа побегнала и повикала помош. Кирјос, кој бил во близина, повикал полиција и ѝ помогнал да му влезе во трага на возилото.
Полицијата успеаја да го уапси 32-годишниот човек, на кому му била одбиена кауција откако се појавил пред суд во врска со инцидентот по пет обвиненија, кои вклучуваат тешка кражба, управување со украдено возило, несовесно возење и одбивање да застане.