Кирјос кога сака, може да игра врвен тенис (видео)

Контроверзниот Ник Кирјос ноќеска триумфираше против Норберт Гомбос со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) во четвртфиналето на АТП турнирот во Вашингтон. Во текот на мечот, Австралиецот освои поен со фантастичен „кам-бек“ и ја воодушеви публиката.

Кирјос успеа да спаси не еден, туку три напади на Словакот и при тоа освои поен на маестрален начин. Кога не ги навредува останатите колеги и е присебен на терените, Кирјос покажува дека може да биде врвен тенисер.

Австралискиот тенисер во полуфиналето ќе се сретне со Стефанос Циципас, додека второто полуфинале е меѓу Данил Медведев и Петер Гојовчик.

- Оглас -

Најнови вести