Австралискиот тенисер Ник Кирјос мисли дека во 2026 година еден од гранслем-турнирите ќе го освои Русинот Данил Медведев или Германецот со руско потекло, Александер Зверев.
Во 2024 и 2025 година, Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкарас ги поделија сите осум титули на гранслем-турнирите меѓусебе (по 4 победи секој), а Кирјос предвидува прекин на таа доминација на двајцата најдобри.
„Зверев или Медведев ќе освојат гранслем во 2026 година. Мислам дека тие двајца ќе бидат гладни за тоа. Синер и Алкараа секако се титани. Но, мислам дека Медведев и Зверев се уморни од тоа Синер и Алкараа да го освојуваат секој гранслем, можеби еден од нив ќе го стори тоа“, изјави Кирјос.
Медведев во кареиара има само една гранслем-титула зад себе, Отвореното првенство на САД во 2021 година, а Зверев никогаш не освоил некој од четирите најважни турнири на светот.