Кирјос не игра на САД опен, пак му е виновен Ѓоковиќ (Видео)

Ник Кирјос со видео-порака објави дека нема да игра на Отвореното првенство на САД во Њујорк, а повторно го обивини Новак Ѓоковиќ за несериозност, сега и за алчност.

Австралиецот, кој има грчки корени очигледно има проблем со тенисерите што потекнуваат од Балканот, откако претходно жестоко ги нападна и Борна Чориќ и Григор Димитров.

„Ја разбирам одлуката на организаторите кои инсистираат да се игра тенис во Њујорк. Секако дека сакаат и да им ја сочуваат работата на сите што се поврзани на некој начин со турнирот, но јас од почит кон жртвите од Ковид-19 нема да играм. Немам проблем со тоа и со одлуката на останатите тенисери да настапат. Треба да се држиме заедно, а не да лумпуваме по маси како Ѓоковиќ, со цел да се зграпчиме пари набрзина и да си правиме егзибиции. На кого му е гајле колку пари имаш и кое место си на светската листа? Мора да се биде одговорен и да се мисли не само за себе, туку и за другите во услови на паднемија“, е дел од изјавата на Кирјос, објавена на социјалните мрежи.

Кирјос досега немаше посебни успеси на САД опен и најголем дострел на терените на „Флешинг Медоуз“ му е пласман во третото коло.

Ѓоковиќ има три пехари на турнирот што според стандардниот распоред секогаш е последниот гренд-слем во сезоната.

 

 

- Оглас -

Најнови вести