Австралискиот тенисер и финалист на Вимблдон од 2022 година, Ник Кирјос, призна дека чувствувал лутина кон тениската легенда Рафаел Надал.
„Не можев да го поднесам Надал. Чувствував силна омраза и презир кога ќе го видев. Веројатно тој беше момчето кое секогаш ме мотивираше. Кога играв со него, се трудев да го покажам мојот најдобар тенис. Не го чувствував тој гнев кога играв со Федерер или Новак Ѓоковиќ. Зошто не го сакав? Веројатно затоа што сите во нашите академии во Австралија го идолизираа, велејќи: „Тој е толку вреден работник, тој е ова, тој е она“. Сакав да им покажам на луѓето дека можете само да се опуштите, да се забавувате, а сепак да победите некој како него“, рече Кирјос.
Кирјос и Надал се соочија 9 пати на АТП-турнири. Резултатот во победи беше 6-3 за Надал.