Кирјос објави фотографија од тренинг со Ѓоковиќ: Што мислите, како тој го освои Ролан Гарос?

Австралиецот Ник Кирјос кој е познат по „сочните“ изјави во кои зборува против Новак Ѓоковиќ, изненади со објава на една фотографија од тренинг на терен со земјена подлога.

На сликата за која не се знае кога е направена, се тој и Новак Ѓоковиќ. Србинот неодамна го освои „Ролан Гарос“ кој се игра на земја, па Кирјос остави порака која може различно да се толкува.

„Да, фотографијата е вистинска. Што мислите, како тој го освои Ролан Гарос?“ – напиша Кирјос.

- Оглас -

Најнови вести