Кирјос омекна како памук и сега ги фали ривалите: Медведев е пеколна машина што тешко се победува

Најголемиот бунтовник во светот на денешниот тенис, Ник Кирјос, омекна како памук и почна дури и да ги брани и да ги фали ривалите.

Тенисерот што беше скаран речиси со сите и беше најнеомилениот лик во машкиот тенис, полека, но сигурно ја менува концепцијата и начинот на однесување.

Прво го бранеше Новак Ѓоковиќ по голготата што српскиот ас ја доживеа во Австралија на почетокот на годината, па станаа и пријатели, продолжи со комплименти за Надал, а сега го фали и Данил Медведев.

Вечерва од 19 часот Ник ќе игра против најдоброрангираниот тенисер на светот на турнирот во Монтреал, а го испофали рускиот ас.

„Не ми е важно што е подоброрангиран од мене. Јас веќе победив ривал што е пред мене на ранг-листата. Никогаш не ми значела АТП-листата, а и со и без неа Медведев е тениска машина што ретко губи“, изјави Австралиецот.

Мечот меѓу Медведев и Кирјос ќе биде дерби на второто коло на престижниот турнир в Монтреал.

 

- Оглас -

Најнови вести