Ник Кирјос повторно ја шокира тениската јавност, а овојпат во неговата приказна се најдоа Карлос Алкарас, Џек Дрејпер и Ема Радукану.
Австралијанецот ги „обвини“ Алкарас и Дрејпер дека водат љубовна битка за атрактивната Ема, алудирајќи на можен „љубовен триаголник“ во тенискиот свет.
„Не знам, но мислам дека се работи за љубовен триаголник. Дрејпер, Алкарас, Радукану. Мислам дека се борат за Ема, ама не сум сигурен“, рече Кирјос низ насмевка, што сепак го привлече вниманието на медиумите.
Сè започна кога беше објавено дека Ема Радукану ќе игра мешан дубл со Алкарас, по што веднаш започнаа шпекулации за можен љубовен однос.
Радукану ги демантираше гласините, но тоа не ги спречи британските таблоиди да пишуваат за нејзиниот приватен живот и да го поврзат и Џек Дрејпер во приказната.
Кирјос додаде уште една интересна изјава:
„Изгледа среќна однадвор… но не знам кој ја прави среќна. Тенискиот свет обожува љубовни приказни, секогаш се обидуваат да спојат луѓе. Но, Ема моментно е најдобрата британска тенисерка и ѝ оди одлично. Да се освои гренслем на 19 години не е лесно, тоа носи огромен притисок. Но, знаете… додека таа е среќна, тоа е најважно.“