Кирјос овојпат претера, упати крајно невкусен коментар за девојката на Синер (Фото)

Нетрпението на Ник Кирјос кон Јаник Синер ги премина границите на нормалата и коректноста.

Контроверзниот австралиски тенисер кој деновиве редовно упатува „отровни стрели“ кон Синер во врска со допинг скандалот, сега „удри“ со срамен низок удар.

„Втор сервис“, искоментира Кирјос под фотографија на која се тој и Ана Калинскаја, неговата бивша, а сегашна девојка на Синер.

Кирјос и Русинката беа во врска во 2020 година и дрско се пофали дека тој прв бил со неа, а Синер втор.

- Оглас -

Најнови вести