Кирјос пак кршеше рекети и ги нервираше сите, ама за еден маестрален удар заслужи овации (Видео)

Ник Кирјос е еден од најголемите тениски бунтовници, денеска во дербито на АТП-турнирот во Хале против Стефанос Циципас пак кршеше рекети, но и покажа дека со квалитетот и талентот што го има, можеше да има многу подобра кариера.

Во текот на вториот сет што го доби со 6:2, а потоа направи и комплетен пресврт и победи со 5:7, 6:2, 6:4, одигра маестрално и ја предизвика публиката во Хале да му аплаудира.

Кирјос претходно во првиот сет и буквално дивееше, што не е некарактеристично за него и го искрши рекетот незадоволен од својата игра.

Сепак, потоа одигра многу подобро и го елиминира вториот носител на турнирот во Германија.

Во четвртфиналето ќе игра со Шпанецот Пабло Карењо Буста, кој го победи Корда со 2:1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести