Кирјос покажа дека знае да биде и многу хуман

Ник Кирјос е познат како еден од најконтроверзните тенисери кој често знае да се расправа на теренот без разлика дали е тоа со судиите, противниците или со дел од публиката. Овојпат Кирјос ја покажа својата хумана страна. Австралискиот тенисер објави дека започнува акција според која, на наредните некоку турнири што ќе ги игра во Австралија ќе донира по 200 австралиски долари за секој направен ас.

Парите ќе бидат за настраданите во пожарите кои беснеат во Австралија, а во кои загинаа 10-тина луѓе, а повеќе од 1.000 домови беа уништени.

„Трагично е тоа што се случува, посебно во мојата Камбоџа, која е заробена со чад и моментно е едно од најопасните места. Тажно е тоа што се случува, а колку што гледам не се гледа крајот. Во следните неколку месеци не е предвидено врнење на дожд“, вели Кирјос, кој во 2019 година во просек сервираше по 16 асови на меч.

На акцијата на Кирјос се приклучија уште неколку тенисери од Австралија.

„Ми се допаѓа оваа акција на Кирјос и јас се приклучувам. Јас ќе донирам по 250 долари на секој ас. Мојата сума е поголема само затоа што јас тешко дека ќе можам да направам толку многу аса колку што може Ник“, рече соиграчот на Кирјос, Алекс де Минаур. Во акцијата се приклучи и Џон Милман кој ќе донира по 100 долари на меч.

Според проценките, во акцијата на тенисерите се очекува да бидат собрани околу 150.000 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести