Ник Кирјос повторно беснееше, а главна цел му беше српската судијка Маријана Вељовиќ, која имаше челични нерви да ги истрпи нападите на австралискиот тенисер во меч што траеше три и пол часа на Отвореното првенство на Австралија.
Кирјос имаше многу забелешки на системот што означува нец на мрежа и постијано бараше од Вељовиќ да реагира, но судијката беше немоќна бидејќи технологијата не зависи од неа, туку токму од сонародниците на Кирјос кои го организираат гренслемот во Мелбурн.
https://twitter.com/Eurosport_IT/status/1359446353093537794?s=20
За пофалба е само упорноста и начинот на кој Кирјос го победи Уго Умберт со 3:2 во сетови во маратонска битка, откако губеше со 1:2.
Клучен беше четвртиот сет, по кој домашниот тенисер со поддршка од трибините израмни на 2:2 со добиен сет во тајбрејк со 7:2 во поени.
Претходно Кирјос го искрши и рекетот, но сепак славеше со 6:4 во решавачкиот сет за конечна победа од 3:2 и дуел со ланскиот финалист Доминик Тим во третото коло на првиот тениски гренслем турнир во сезоната.