Кирјос распука по колегите: Ѓоковиќ има опсесија сите да го сакаат, а Надал е лузер што не трпи порази

Рафаел Надал на некој начин е тениски лузер што не трпи порази, неговиот чичко Тони Надал е идиот, а Новак Ѓоковиќ е врвен тенисер што има една мана, има опсесија сите да го сакаат, вели Ник Кирјос без влакно на јазикот во интервјуто со познатиот новинар Бен Ротенберг.

Австралиецот не е омилен во тенискиот свет, честопати правеше глупости на терените и надвор од нив, а сега веројатно уште повеќе ќе го навлече гневот на колегите.

„Надал е добар само кога победува. Но, кога ќе загуби, не почитува никого, противниците најмалку. Нему лошо му влијае неговиот чичко Тони, кој е вистински идиот. Веднаш го брани својот пулен со разни изговори, но го разбирам. Тешко му паѓа некој како мене да го победи семејството Надал“, е описот на Кирјос за Надал.

Австралиецот има пофални зборови само за Федерер и вели дека тој е вистински шампион. И потоа прави споредба со Новак Ѓоковиќ.

„Новак е велемајстор на тениската игра, но честопати без потреба сака да ѝ се додворува на публиката, на тениските фанови. Има опсесија да биде сакан како Федерер, што понекогаш делува одбивно“, додаде Кирјос.

Сепак, во озборувањето на колегите најлошо мина Фернандо Вердаско, за кого Ник вели дека е најарогантниот тенисер на денешницата.

Кирјос моментно настапува на АТП-турнирот од Мастерс серијата во Рим и следен можен противник од сите тенисери за коишто говореше во интервјуто е Новак Ѓоковиќ, па би било интересно да се види реакцијата на двајцата тенисери.

- Оглас -

Најнови вести