Кирјос скокна до прво гренслем-полуфинале

Ник Кирјос за првпат во својата кариера ќе игра полуфинале на еден гренслем откако на Вимблдон го совлада Кристијан Гарин по три сета со 6-4, 6-3 и 7-6.

На австралискиот тенисер пред овој меч пласман во четвртфиналето му беше најголем успех, а сега ќе има прилика да се бори за големото финале. Моментално го чека подобриот од дуелот Фриц – Надал, во кој фаворитот од Шпанија губи со 2-1 во сетови.

Иако имаше слаб старт со загубен гем на свој сервис, Кирјос се врати од негатива од 3-1 и го освои првиот сет со 6-4 откако возврати со два брејка. Многу полесно помина во вториот сет, а за победата мораше доста да се измачи. Гарин се избори за тајбрејк и во еден момент водеше со 5-3, но Кирјос повторно изрежира пресврт и го доби тајбрејкот со 7-5.

- Оглас -

Најнови вести