Кирјос со топче во глава погоди стара баба, а потоа ѝ даде подарок (Видео)

Ник Кирјос се пласира во третото коло на АТП-турнирот во Вашингтон откако славеше над домашниот тенисер Томи Пол со 6:4, 6:3. За место во четвртфиналето, Кирјос ќе игра против Опелка и ја има фаворитската улога.

За контроверзниот австралиски тенисер ова е прв турнир по Вимблдон, каде што играше во финалето, но, за негова жал, загуби од Новак Ѓоковиќ. На дуелот против Пол, еден момент беше посебно за издвојување, а нема многу заедничко со тениски мајстории.

Се играше првиот сет, кога по еден сервис Кирјос го удри топчето, а тоа на крајот заврши во лицето на една постара жена која седеше во првиот ред. Топката не беше силна, прво удри во земја, па отскокна директно во лицето на бабата, која беше збунета од каде се појави топчето.

За среќа, жента воопшто не беше повредена, а Кирјос во знак на извинување и подари еден пешкир.

https://twitter.com/i/status/1555003625759420416

- Оглас -

Најнови вести