Ник Кирјос, кој е познат како Лошото момче во светот на тенисот, конечно се израдува на победа во поединечна конкуренција. Речиси три години Кирјос немаше победа на официјален турнир, а најголем проблем беа повредите кои го мачеа во овој период (имаше операција на зглобот на ногата).
Пред две недели Австралиецот настапи на турнирот во Индијан велс, но уште во првото коло го предаде мечот. Се чинеше дека Кирјос ќе го откаже учеството на Мастерсот во Мајами, но тој се појави и успеа да победи во првото коло.
За противник во Мајами го имаше домашниот тенисер Мекензи Мекдоналд, кој го доби првиот сет со 6:3. Сепак, Кирјос не се предаде и во следните два сета направи пресврт, добивајќи ги со 6:3 и 6:4.
Кирјос во поединечна конкуренција немаше победа уште од номеври 2022 година на Турот во Токио. Следен предизвик на мастерсот во Мајами за Кирјос ќе биде дуелот против Карен Хачанов кој беше слободен во првото коло.