29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Кирјос во свој стил за „големата тројка“: „Него го мразев, не можев да го поднесам“

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ќе остане запаметен по својот темперамент, но и „брз“ јазик. Тој повторно во свој стил зборуваше за „големата тројка“, Ѓоковиќ, Федерер и Надал, па за медиумите откри дека еден од нив воопшто не му бил омилен.

„Не можев да го поднесам. Го мразев и кога ќе го видев да се шета. Беше еден од оние кои најмногу ме мотивираа. Кога играв против него, се трудев да го играм најдобриот тенис. Немав такви чувства ниту кон Федерер, ниту кон Ѓоковиќ. Кога играв против Рафа, сите го обожаваа, велеа дека е голем работник, му се восхитуваа, а јас не можев да го поднесам. Сакав да им покажам на луѓето дека можеш и да се забавуваш, да бидеш опуштен и да ги победиш таквите како него.“ – коментираше Кирјос за Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести