На АТП турнирот во Бризбејн со големо внимание се очекуваат мечевите и во двојки, каде во тандем ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос.
Србинот смета дека ќе му биде забавно што ќе игра заедно со Кирјос со кого никогаш порано не играл како партнер во дубл. После оваа изјава на Новак, новинари го начекаа Австралиецот кој даде интересна изјава со која ги насмеа сите.
„Се разбира дека Новак е возбуден што ќе игра со мене. Сите мислат дека е задоволство да се игра со него. Да, но да бидеме реални, всушност вистинското уживање е да се игра со мене“, рече Кирјос кој додаде дека одамна сакале да играат заедно, а тоа го направија дури сега и за задоволство на навивачите.
“Everyone thinks it’s a pleasure playing with him, it’s actually a pleasure playing with me” 😆@NickKyrgios 🤝 @DjokerNole #BrisbaneTennis https://t.co/brlLB7MG0P pic.twitter.com/xYA7GQOs5c
— Tennis TV (@TennisTV) December 28, 2024