30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ќирко погоди 12 од 13, а „ајфонот“ му избега поради промашен пенал!

Ќирко Д. имаше феноменално коло на Спортска прогноза и успеа да погоди 12 од 13 парови и само за еден меч не успеа да има Среќна 13-ка, која ќе му го донесеше мобилниот телефон „ајфон 12“.

Првиот пар беше кобен за Ќирко. Играа Фрајбург и Хофенхајм, а најдобриот прогнозер во 17-тото коло типувал победа на домаќините. По првото полувреме беше 1:1, а Фрајбург во 61-вата минута промаши пенал за водство. Во 94-тата минута Хофенхајм ги казни промашувањата на домаќините и победи со 2:1.

Во продолжение на паровите кои беа дел од ова коло, Ќирко успеа да ги погоди сите 12 натпревари. Со 12 погодоци, тој си освои вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life.

Освен Ќирко, одлично коло имаа уште петмина прогнозери. Мирјана, Зоран, Миле, Марјан и Мартин погодија по 11 парови и со тоа станаа добитници на вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life.

Бесплатната игра на Спортската прогноза во Sport Life уште еднаш се покажа како вистинска добивка за сите оние кои сакаат да ја пробаат среќата. Едноставно, нема што да се загуби, а може многу да се добие.

Паровите од новото 18-то коло на Спортска прогноза ќе бидат познати денеска во 14 часот, од кога и можете да ги дадете вашите типови на 13-те натпревари.

- Оглас -

Најнови вести