Легендарниот хрватски фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ, кој има 86 години, за хрватските медиуми изјави дека се вакцинирал против корона-вирусот во Србија, и тоа со руската вакцина Спутник В, па сега почнал да се чувствува како рускиот претседател Владимир Путин. Се разбира, популарниот Ќиро ова го кажа на шега.
„Не сум се туркал за да се вакцинирам преку ред. Ако го направев тоа, сега ќе ми еб.. мајката. Си отидов во Србија и таму се вакцинирав. Да ви кажам, сега кога се гледам во огледало, личам на Путин, ми расте светла коса. Само уште да го извежбам неговиот поглед, и тоа ќе биде тоа“, се шегуваше Блажевиќ.
Блажевиќ нема влакна на јазикот, со ова сакаше да ги критикува хрватските здравствени власти кои уште не ја донеле Спутник В, но и се шегува со сите кои велат дека по примањето на вакцината, луѓето личат на Путин.
„Нема да одам уште еднаш да ја примам втората доза, доста ми е една доза. Брадата ми расте како на Дража Михајловиќ“, додава Блажевиќ.