Кирсти Ковентри и официјално ја презеде функцијата претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Таа е прва жена што ќе раководи со ИОК, а на функцијата го наследи Германецот Томас Бах, кој ја водеше организацијата од 2013 година.
Церемонијата на предавање на должноста се одржа денеска.
„Со благодарност, доверба и радост ѝ ги предавам клучевите од Олимписката куќа на Кирсти Ковентри, 10-тиот претседател на ИОК“, рече Бах.
Бах исто така им се заблагодари на членовите на МОК за честа да бидат именувани за доживотен почесен претседател.
Ковентри е 41-годишна поранешна пливачка од Зимбабве. Таа е двократна олимписка шампионка (2004, 2008), седумкратна светска шампионка и повеќекратна светска рекордерка. Ковентри освен што е прва жена, стана и првата Африканка претседател на ИОК.