Пелистер и понатаму е без победа во Втората лига, откако денеска на свој терен загуби од Струга Трим Лум со 1:2, во 4. коло на Западниот регион. Арбен Тафе погоди за водство на гостите од Струга во 33 минута, а Пелистер со гол од пенал во 83 минута преку Благоја Наумовски успеа да израмни. Сепак, гостите од Струга беа решени да си заминат со трите бода и само две минути подоцна со погодокот на Самет Шеји стигнаа до предност од 2:1, што се покажа и како конечен резултат.
На Истокот, во дербито на колото, Кит Го и Тиквеш одиграа 1:1. На мечот одигран во Пехчево, гостите први се израдуваа. Иван Ивановски погоди во 47 минута за водство од 1:0, но Мартин Стојанов со погодокот во 65 минута донесе реми и не дозволи пораз на Кит Го на свој терен.
Втора лига, Исток: Кит Го – Тиквеш 1:1, Плачковица – Саса 1:1, Кожуф – Партизан Обрешани 2:0, Вардар Неготино – Детонит Јуниор 3:2, Брегалница – Борец играат во 19 часот.
Втора лига, Запад: Пелистер – Струга ТЛ 1:2, Велазерими – Тетекс 2:0, Гостивар – Гоблен Јуниор2:3, Кораб – Скопје 1:0. Утре играат: Лабуништа – Генч Калемлер.