31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Киву: Мал пад на концентрацијата и дозволивме да ни биде одземено тоа што сами го изборивме

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, реши да ги истакне позитивните страни и покрај драматичниот пораз со 3-4 од Јувентус во „Дербито на Италија“.

„Целиот натпревар, и првото и второто полувреме, игравме со карактер и амбиција. Одигравме за победа и не сакавме да се задоволиме со помалку. За жал, во последните минути ни недостасуваше концентрација и дозволивме да ни се одземе она што сами го изборивме“, изјави Романецот, потенцирајќи дека тимот мора подобро да научи да го контролира текот на мечевите.

„Кога вложуваме толку многу напор за да се вратиме во игра, мора да знаеме како да ја задржиме предноста до самиот крај“.

И покрај поразот, Киву остана задоволен од пристапот на своите фудбалери.

„Играчите покажаа голема работа и борбен дух, на тоа немам никакви забелешки“.

Тој посебно го пофали Хакан Чалханоглу, кој постигна два гола:

„Тоа е неговата класа, тоа е придонесот што го носи во екипата“.

На крајот, Киву порача дека Интер мора да гледа напред.

„Минатото мора да остане зад нас. Само така ќе ја вратиме смиреноста и концентрацијата. Екипата работи напорно и верувам дека тоа ќе донесе резултати“, заврши тренерот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести