-2.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Киву објасни која е причината за неочекуваниот убедлив пораз од Бодо/Глимт

Интер неочекувано високо со 3:1 загуби на гостувањето во Норвешка кај Бодо/Глимт во првиот меч од нокаут фазата во Лига на шампиони. Нераѕурите важеа за големи фаворити, водеа со 1:0, но потоа домашните фудбалери заиграа многу подобро, па Бодо/Глимт направи целосен пресврт и славеше со 3:1.

Тренерот на Интер, Кристијан Киву објасни што била причината за неочекуваниот убедлив пораз.

„Немам што многу да им замерам на момците. Се обидоа да играат, иако против себе го имаа и студот и овој терен. Сепак, тоа не смее да биде изговор. Добро започнавме, но потоа бевме изненадени од нивните брзи транзиции и тоа скапо го плативме. Имавме и многу загубени топки. Бодо покажа дека има квалитет, а тие се и навикнати да играат на овој терен. Жал ми е што не ја реализиравме шансата на почетокот од второто полувреме кога беше 1:1. Сега мора да бидеме фокусирани и да гледаме напред. Има реванш и уште сите опции се отворени. Ќе се бориме до крај и ќе се обидеме да се пласираме во следната фаза“, рече Киву по поразот во Норвешка од Бодо/Глимт..

- Оглас -

Најнови вести