Киву само што стигна во Интер предизвика „земјотрес“, на осум играчи им рече дека се слободни да си одат

Кристијан Киву пред неколку дена беше промовиран во нов тренер на Интер. Тој дојде на местото на Симоне Инѕаги кој си замина по сезоната која беше разочарувачка без ниту еден освоен трофеј.

Киву многу добро ја познава работата во Интер. Таму играше и како фудбалер, а ја почна и тренерската кариера во младинската категорија на Нераѕурите. Романскиот стратег реши веднаш да направи промени во играчкиот кадар, па на дури осум играчи им соопштил дека нема да смета на нивните услуги за следната сезона.

На листата на „непожелни“ кај Киву се: Бисек, Ачерби, Аслани, Чалханоглу, Фратеси, Карбони, Тареми и Еспозито.

Интер замина за САД каде ќе биде дел од Светското клупско првенство. Првиот меч Нераѕурите ќе го играат на 18 јуни против Монтереј. Во групата на Интер се и екипите на Урава редс и Ривер плата.

- Оглас -

Најнови вести