Вардар не успеа да ја оствари втората победа во групата фаза во Лигата на шампионите по ремито со конечни 34:34 против Елверум. Црвено-црните барем ја прекинаа црната серија од пет порази во низа во најелитното клупско натпреварување, но разочарувањето сепак е големо ако се знае дека во последната секунда ја испуштија победата.
Фантастичниот Марко Кизиќ имаше свое блескаво издание. Со 12 интервенции, повеќето забележани во второто полувреме, младиот македонски голман му ја спушти ролетната на норвешкиот противник и беше голем мотиватор.
https://twitter.com/ehfcl/status/1363521867869417479
Вардарци на паузата заминаа со еден гол негатива при резултат 20:21, откако во целото прво полувреме се играше гол за гол и тотална резултатска неизвесност. Во моментите кога Кизиќ се разбрани, избраниците на Алушовски направија 4-0 серија, меѓутоа до последните пет минути од мечот, Норвежаните комплетно се вратија во игра.
Во неизвесната завршница, ракометарите на Вардар требаше покажаа дека имаат постабилни нерви, но наместо тоа, гостите го искористија промашувањето на Стоилов и во последните секунди дојде до реми.
Гаџа со осум гола беше најефикасен од редовите на Вардар, го следеше Чупиќ со шест погодоци.