Кјелини не е сериозно повреден, но нема да игра против Велс

Џорџо Кјелини, капитенот на Италија, избегна потешка повреда на колкот во дуелот против Швајцарија во кој излезе по само половина час игра.

Како што вели самиот Кјелини, не е ништо сериозно, но ќе мора да го пропушти последниот меч од групната фаза против Велс, во кој Аѕурите ќе го заверат местото во осминафиналето.

„Се чувствувам добро, повредата не е сериозна. Навреме реагирав и добро е што излегов од игра. Ќе одморам неколку дена со цел да бидам подготвен за следните натпревари“, посочи Кјелини.

Италија нема примено погодок во 10 последователни меча во сите натпреварувања, кои сите ги доби, а токму Кјелини е столбот на непробојниот бедем. На негово место против Велс веројатно ќе игра Ачерби, а за селекторот Манчини е добро што во недела ќе може да смета и на организаторот на игра, Марко Верати.

 

- Оглас -

Најнови вести