Џорџо Кјелини денес ќе прослави јубилеј во дресот на Италија, откако вечерва ќе истрча на теренот во мечот против европскиот првак Португалија. „Професорот“ за одбрана (како што го нарече Мурињо), ќе го запише 100-от настап за својата селекција, точно 14 години откако дебитираше за сениорската репрезентација.
17-ти ноевмри 2004 година, беше денот кога Кјелини за прв пат го облече дресот на Италија, во пријателски меч против Финска, а по 14 години на ист датум ќе го прослави јубилејот.
Кјелини така ќе стане седмиот репрезентативец кој настапил на 100 или повеќе натпревари за „аѕурите“. Пред него се: Џанлуиџи Буфон со 176 настапи, Фабио Канаваро со 136, Паоло Малдини со 126, Даниеле Де Роси со 117, Андреа Пирло со 116 и Дино Цоф со 112 настапи за Италија.
Средбата е закажана за 20:45 часот, ќе се игра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.