Кјелини во топ три во историјата на Јуве кој потајно се надева на титула во Серија А

Екипата на Јувентус со 2:0 ја совлада последнопласираната Салернитана во рамките на 30-то коло од Серија А, и со тоа ја продолжи бркотницата кон Наполи и Милан.

„Старата дама“ се надева на киксови на лидерите и со тоа да се врати на првото место во Италија, а денешната победа дојде благодарение на головите на Паоло Дибала во 5-та и Душан Влаховиќ во 29-та минута.

Ова беше 552 настап за Џорџо Кјелини во дресот на Јувентус, со што дојде на треттото место на вечната листа откако го помина Гаетано Скиреа.

На осум кола пред крајот, Јуве има 59 бода и е на четврттото место, пред него е Интер кој е на бод повеќе и меч помалку, па Наполи кој има 63 и Милан кој е на врвот со 66 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести