Кјелини загуби финале за титула во САД, па рече: Ова е можеби мојот последен меч!

Колумбус кру го победи Лос Анџелес ФК со 2-1 во финалето на американската МЛС лига, а после поразот, разочараниот дефанзивец на Лос Анџелес, Италијанецот Џорџо Кјелини, изјави дека можеби ова му бил последен меч во кариерата.

„За жал, еден тим мораше да загуби. Ова можеби ми беше последен меч во кариерата. Сега со семејството ќе се вратам во Италија и ќе ја донесам конечната одлука дали ќе се повлечам. Не сакам да избрзам и да решам нешто, а потоа да се премислам“ – рече Кјелини, кој во ЛА дојде во летото минатата година, како слободен играч, откако му истече договорот со Јувентус во кој мина 18 години и имаше 561 настап.

Кјелини е еден од најтрофејните играчи во историјата на Јуве, има девет титули во Серија А и тоа по ред, по пет купа и суперкупа, а освои титула и во Серија Б. Во САД, во првата сезона со Лос Анџелес, ја освои МЛС лигата, а овојпат загуби во финалето.

- Оглас -

Најнови вести