Барселона сака да донесе квалитетно крило во своите редови, а откако не успеа да ги донесе Нико Вилијамс и Луис Дијас, сега се амбицира да го купи Рафаел Леао од Милан.
Леао е скап, Милан не би го ослободил за помалку од 90 милиони евра, но главниот проблем на Барса не е отштетата, туку платите на играчите. Затоа и уште не е регистриран Дани Олмо. Ако Барса се ослободи од Илкај Гундоган и Клеман Ленгле и ако го продаде Витор Роке, ќе ослободи доста простор и ќе може да си дозволи да земе уште еден играч покрај Олмо.
Има информации и дека Федерико Кјеза, напаѓачот на Јувентус, им бил понуден на Каталонците. Кјеза не е во плановите на новиот тренер на Јуве, Тијаго Мота, не играше против Комо и голема е веројатноста тој да го напушти клубот ова лето. Агентот на играчот имал разговори со претставници на Барселона, но во моментов нема значаен развој во преговорите.