Кјеза: Милан игра во ЛШ само затоа што на Јувентус му беше одземено местото

Најдобриот италијански играч што го има Јувентус, Федерико Кјеза, рече дека амбициите на клубот се да игра во Лигата на шампионите во следната сезона, а не заборави да каже дека и лани на терен озбебедија место во ЛШ, но беа казнети.

„Веќе две сезони по ред немаме освоено трофеј и не можеме да бидеме задоволни. Веројатно ова има влијание и врз перцепцијата за тимот гледано од надвор. Наша цел  е да се планираме во ЛШ за следната сезона. Ние и во минатата сезона на терен успеавме, но ни беше одземено правото да играме во ЛШ“, рече 25-годишниот Кјеза.

Федерико ги гледа на телевизија настапите на италијанските клубови во ЛШ и не му е сеедно.

„Ги гледам, да. Малку сум лут бидејќи заслуживме да бидеме таму, а не ни дозволија. Милан беше петти на табелата, а игра во ЛШ само затоа што нам ни беше одземено правото да играме“, додава Кјеза.

- Оглас -

Најнови вести