Кјеза: Ние сме Италија, мора да играме на Европско првенство

Федерико Кјеза изјави дека италијанската фудбалска репрезентација има одговорност да победи против Македонија и да се пласира на Европско првенство.

Напаѓачот на Јувентус е сигурен дека ќе ја остварат намерата и ќе освојат барем четири бода во последните две кола во коишто играат со Македонија и Украина.

„Кога си во националниот тим, носиш голема одговорност. Среќен сум што сум тука и можам да помогнам, жал ми е што не играв на претходните мечеви. Утре играме фундаментален меч за квалификување на ЕП. Мора да се пласираме на ЕП, мора, ние сме Италија. Има можност за кикс како оној во Палермо, но ние на терен ќе излеземе со желба да ја оствариме целта, од нас зависи каков ќе биде исходот“, вели Кјеза.

- Оглас -

Најнови вести